Microsoft за оваа година се очекува да претстави поголема надградба на Windows 10, која неофицијално во компанијата се нарекува „Sun Valley“. Од компанијата оваа надградба почнаа да ја нарекуваат наредната генерација на Windows, а кога ќе се земат повеќе фактори во предвид, може да се очекува и претставување на Windows 11, а не само уште една верзија на Windows 10.

Што точно планираат од компанијата ќе дознаеме идниот четврток, поточно на 24ти јуни, на настанот којшто специјално е закажан за Windows.

Microsoft објави видео минатата недела кое е направено од звукот кој се пушта при стартување на различни верзии од Windows, а затоа што видеото трае 11 минути, се смета како знак дека може да се очекува претставување на Windows 11. Исто така, настанот идната недела ќе започне во 11 часот наутро во временската зона каде што е компанијата.

Сега уште една промена укажува на тоа дека Windows 10 нема да биде последната верзија од Windows, како што се најавуваше порано и дека можеме да очекуваме промена на името, односно претставување на Windows 11.

Промената е забележана на страната од Microsoft каде се објавува времето на поддршка за различните верзии од Windows 10, кои обично имаат поддршка по 18 месеци. Сега на таа страна е поставена и финална дата до кога ќе биде достапна поддршката за Windows 10 Pro и Home.

Таа дата е 14.10.2025 година, односно 10 години по претставувањето на оперативниот систем. Ова може да се земе како сигурен доказ дека Microsoft планира да претстави нова верзија од Window, па веќе можеме да сметаме дека идната недела ќе го видиме претставувањето на Windows 11.

Microsoft исто така го паузира пуштањето на нови тест верзии од Windows 10, па истите се очекува да продолжат по настанот идната недела. Би требало како и досега, корисниците да можат да ја тестираат новата верзија, а финалната за сите корисници се очекува за на есен.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаЕвропа се обидува да ги забрза своите вложувања во водород, 5G и блокчејн
Следна статијаОстануваат уште неколку дена до можноста за македонските стартапи да аплицираат за глобалната програма Accelerate2030
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.