Фото: Canalys

Компанијата Canalys објави дека за првпат од своето постоење, Xiaomi стана вториот во светот производител на смартфони, а истото го постигна во втората половина од оваа година.

Второто место Xiaomi го презеде од Apple кои имаат многу мал раст на продажбата во втората половина од оваа година, но сепак очекувано за оваа компанија која во главно нови модели претставува во есен и тогаш има најголем раст.

Првото место го задржува Samsung со удел на пазарот од 19%, додека Xiaomi има 17% и Apple 14%. Останатите две места во топ 5 листата на Canalys ги држат двата брендови од кинеската BKK Electronics, Oppo и Vivo, со по 10% пазарен удел.

Најголем раст на продажбите во споредба со истиот период од минатата година има Xiaomi и тој претставува 83% зголемување. Тоа е и причината зошто овој производител успеа да го преземе второто место на пазарот.

Според Canalys растот на Xiaomi се должи на успехот кој го имаат на интернационалниот пазар, поточно во западна Европа, Латинска Америка, како и во Африка, каде имаат раст на продажбата од 50%, односно 300% и 150%.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Canalys
Претходна статијаMicrosoft ја најави Windows 10 21H2 верзијата која ќе стане достапна во втората половина од годината
Следна статијаПобедникот на наддавањето за третото место на Blue Origin го откажа учеството на летот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.