Оливер Даемен - третиот патник на првиот лет со луѓе на Blue Origin

На неколку денови пред лансирањето на New Shepard од Blue Origin, од компанијата требаше да го објават третиот патник кој ќе ги придружува основачот Џеф Безос и неговиот брат Мајк. Личноста која победи на наддавањето за третото место плати скоро 28 милиони долари за истото.

Од Blue Origin објавија дека таа личност сепак нема да учествува на летот на 20ти јули, а причината за откажувањето е поврзана со негова зафатеност тој ден.

Наместо откривањето на идентитетот на тој трет патник, кој побарал да остане анонимен, Blue Origin го објави третиот патник кој сепак ќе лета во вторник скоро до вселената.

Се работи за најмладиот човек досега кој ќе стигне до вселената, Оливер Даемен, кој има само 18 години. Од компанијата не објавија колку тој има платено за „картата“ на New Shepard, но сигурно не е колку што плати првиот човек кој се откажа.

Таткото на Оливер е сопственик на инвестициска компанија од Холандија, па тука доаѓа објаснувањето за неговата можност да го обезбеди ова историско место.

Овој лет ќе се смета и за почетокот на вселенскиот туризам, со оглед на тоа дека се работи за личност која има платено за лет до вселената.

Заедно со најмладиот човек кој ќе патува до вселената, објавија од Blue Origin, ќе биде и најстариот, пилотот Вали Фанк кој има 82 години.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаXiaomi го презема второто место во светот и ги помина Apple според бројот на продадени уреди во втората четвртина од 2021
Следна статијаПознатиот „Clippy“ од Microsoft Office се враќа како emoji икона со најновиот редизајн на иконите од компанијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.