Можеби ова не е еден од најважните делови од производите на Microsoft, но сепак „emoji“ иконите кои се достапни од компанијата ќе добијат редизајн во стилот на Windows 11, односно Fluent дизајн правилата.
Од дизајн тимот во компанијата најавија дека редизајн ќе добијат сите, повеќе од 1800, emoji икони кои корисниците можат да ги користат во Windows, Office, Microsoft Teams и слични производи.
Редизајнот на иконите е прилично голем, односно од застарените 2D икони, новите ќе бидат направени во 3D, а скоро 1000 од нив ќе бидат и анимирани.

Дел од иконите е и иконата од спојувалка за хартија, па како и сите други и оваа икона ќе добие редизајн. Редизјанот на оваа икона е и еден мал „easter egg“, како што ги нарекуваат скриените изненадувања, па истата ќе го добие изгледот на стариот и познат Microsoft Office асистент, Clippy.
Корисниците ќе можат да почнат да ги користат новите икони до крајот на годината, а кај сите производи од Microsoft ќе бидат пуштени во текот на идната година.
Претставувањето на новите emoji беше направено на денот за emoji иконите, 17ти јули.