Фото: MX3D

Кралицата Максима од Холандија минатата недела го пушти во употреба првиот во светот 3D отпечатен челичен мост. Отворањето, кое вклучуваше сечење на црвена лента, Кралицата го направи со помош на роботска рака, односно истата која беше дел од печатењето на мостот.

Печатењето на мостот е направено со користење на неколку роботски раце кои преку метод на заварување, слој по слој, ја имаат „отпечатено“ финалната форма. Ова иако е стандарден начин на кој функционира 3D печатењето, односно додавање на слоеви од материјалот којшто се користи, правењето на ваква конструкција од челик е прва во светот.

Мостот е со должина од 12 метри и е поставен во дел од познатиот Црвен Округ во Амстердам, поточно во Oudezijds Achterburgwal каналот.

На мостот, кој е направен во соработка помеѓу Imperial College London и компанијата MX3D од Холандија, се поставени повеќе сензори кои треба да го следат оптоварувањето на конструкцијата кога ќе почнат да се движат пешаците.

Развојот на методата која е користена за печатењето на мостот траела повеќе години, а истата ќе овозможи полесна и побрза изградба на конструкции кои ќе можат да имаат различни форми, односно да овозможат покреативно изразување на архитектите.

Изградбата на мостот, односно неговото 3D печатење, траела 6 месеци.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаПознатиот „Clippy“ од Microsoft Office се враќа како emoji икона со најновиот редизајн на иконите од компанијата
Следна статијаTesla почна да нуди месечна претплата за нивната „Full Self-Driving“ функција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.