Apple официјално потврди дека новите верзии од нивните два преостанати оперативни системи кои не беа надградени минатиот месец, ќе бидат надградени на најновите верзии на 24 октомври, односно следниот понеделник.

Тоа значи дека корисниците на Mac компјутерите можат да го очекуваат macOS Ventura, додека корисниците на iPad ќе ја добијат надградбата на iPadOS 16.1.

iPadOS требаше да биде пуштен заедно со iOS 16, тие уште во поголем дел го делат истиот код, но поради проблеми со новата Stage Manager функција, Apple го одложи пуштањето, а корисниците ќе ја добијат верзијата 16.1 директно.

Stage Manager може да се каже дека е главната новина кај овие два оперативни системи која овозможува прикажување на апликациите една по една и нивна промена од листата на отворени апликации кој се појавува на левата страна од екранот.

За macOS ова е повеќе практична новина, додека кај iPadOS донесува поддршка за користење на апликациите во форма на прозори, правејќи ги iPad уредите повеќе слични со лаптоп компјутери.

Корисниците на iPad треба да добијат и поддршка за користење на Stage Manager функцијата на надворешен екран со поврзување на нивниот таблет.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПрекинат тестот на YouTube кој од одредени корисници бараше Premium претплата за гледање во 4К квалитет
Следна статијаSPI International го откри својот прв „метаверс“ простор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.