Фото: Shutterstock.com

На почетокот од овој месец, по објава од страна на корисници, се дозна дека од Google ја тестираат можноста да гледањето на YouTube видеата во 4К резолуција биде достапно само за претплатниците на Premium претплатата на сервисот.

Ова секако не помина добро кај корисниците, иако се работи за тест кај ограничен број на корисници, па на повеќето сега за сега не им беше ограничена можноста да гледаат 4К видеа бесплатно.

Од YouTube оваа недела информираа дека тестот, односно експериментот е целосно исклучен и корисниците сега можат да ги гледаат 4К видеата без потреба од претплата.

Во објавата нема дополнителни информации, поради што и не можеме да знаеме какви се плановите на компанијата. Единствено што е јасно од објавата е дека завршувањето на тестот не значи и почеток на пуштање на функцијата, но до кога тоа ќе остане така ќе покаже времето.

Инаку, YouTube Premium е доста исплатлива претплата и со неа покрај тоа што се добива можност за гледање на YouTube без реклами, се добива и можноста за гледање или слушање на видеата и по заклучување на уредот, а се добива и пристап до YouTube Music сервисот кој според нас е најдобар на пазарот. Единствената „маана“ на YouTube Music е недостатокот на повисок квалитет на музиката, но со оглед на тоа што повеќето корисници слушаат со обични слушалки, достапноста на Hi-Fi не е нешто што може да направи разлика.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMeta дефинитивно ќе мора да го продаде GIPHY
Следна статијаmacOS Ventura и iPadOS 16.1 ќе бидат пуштени на 24 октомври
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.