Покрај iOS 16, како и iPadOS 16, Apple вчера на WWDC 2022 ја претстави и наредната верзија од macOS, поточно macOS Ventura, инаку бројката на системот е стигната до macOS 13.

Главната новина кај macOS Ventura е новата Stage Manager функција која претставува унапредување на одличната Mission Control. Оваа функција, наместо само да ги прикаже сите отворени прозори, истите ги реди на левата страна од екранот, додека во преден план е ставена таа која во моментот била активна, односно на која се има работено.

Корисниците лесно со еден клик можат да ги менуваат апликациите од левата страна, а малите слики од нив прават да точно се знае за која апликација се работи и што има на неа.

Дополнително, Stage Manager овозможува и групирање на овие апликации, па со ставање на една апликација врз друга за време кога е вклучена оваа функција, овие апликации стануваат групирани, па заедно се ставаат во преден план со еден клик.

Групираните апликации може да го менуваат редоследот, односно со нив може да се работи како кога се класично селектирани, односно Stage Manager не е како Mission Control само преглед на апликациите.

Покрај оваа новина, macOS Ventura донесува и унапредување на Continuity функцијата која сега овозможува користење на iPhone како веб камера на Mac компјутерот. Со ова корисниците добиваат одредени можности кои дополнително се достапни со ултра широката камера на iPhone,  активирањето се прави автоматски, односно корисниците не треба да направат ништо, освен да ги имаат уредите во близина.

FaceTime добива една новина која е од оние класични Apple ситуации кога се воведува нешто што одамна е достапно кај конкурентите. FaceTime сега преку Handoff функцијата ќе може да го префрлува повикот од iPhone или iPad на Mac, без прекин.

macOS Ventura ги донесува и новините на Apple апликациите кои се дел од сите нивни платформи. Па така, во Messages сега може да се прават измени на пораките, како и да истите да се бришат, тука се новите можности за соработка на датотеки, споделување на слики, пребарување на пораки во Mail.

Safari добива можност за најавување без користење на лозинки, нешто што беше најавувано дека ќе почне да се практикува од страна на Apple, Microsoft и Google.

Поголем редизајн доаѓа кај Spotlight функција за пребарување, која сега изгледа повеќе практично при прикажувањето на резултатите, овозможува пребарување на повеќе работи, а исто така овозможува и користење на „preview“ функцијата директно од лентата за пребарување.

Сите промени кои се дел од macOS Ventura можете да ги погледнете на овој линк.

Претходна статијаApple WatchOS 9 донесува подобрување кај мерењата при вежбање и спиење, нови „лица“ и нова функција за следење на лекарства
Следна статијаSamsung ја претстави новата линија на Bespoke уреди на виртуелниот настан Bespoke Home 2022 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.