На вчерашната WWDC 2022 конференција, Apple ја претстави и наредната верзија од нивниот оперативен систем за паметните часовници, WatchOS 9. Надградбата донесува неколку новини, но сепак не се работи за некоја драстична промена од ланската верзија.

Како и со секоја нова верзија, иако Apple ги додава и помеѓу, WatchOS 9 донесува неколку нови „лица“ кои на корисниците ќе им овозможат да направат мало освежување на нивните часовник. Достапни се четири нови лица, односно Lunar, Playtime, Metropolitan и Astronomy.

Покрај овие нови лица, освежување добиваат и некои од постојните, па на пример Portraits лицето сега овозможува избор на повеќе видови слики како мачки, кучиња, пејзажи. Лицата Modular, Modular Compact и X-Large добиваат дополнителна можност за измена на позадината, додека Utility, Simple и Activity Analog добиваат понапредни и модернизирани „компликации“.

Апликацијата за вежбање, односно Workout апликацијата добива повеќе новини. Истата сега ќе покажува повеќе детали на различни вежби, со што кратко кажано, ќе ги стигне конечно конкурентните вакви апликации со доволно корисни мерки и информации.

Истото може да се каже и за Sleep апликацијата која сега ќе ги мери различните фази при спиењето, односно лесно спиење, REM и длабок сон, а овие фази ќе може да се гледаат во „резултатите“ од спиењето, како на самиот часовник, така и преку Health апликацијата на iPhone.

WatchOS 9 донесува уште една апликација која станува дел и од Health апликацијата на iPhone, а тоа е Medications. Корисниците ќе можат да ги следат сите лекови, витамини и додатоци кои ги зимаат во текот на денот, да гледаат статистики, како и да постават потсетници за лековите кои не е пожелно да ги заборават.

Дополнително, корисниците ќе можат да гледаат кои од лековите кои ги зимаат имаат некаква интеракција со други лекови или на пример со алкохол, па наместо да бараат по интернет, лесно да видат што смеат да прават со одредени лекови, а што не.

Листата на помали новости е исто така долга, како и за другите платформи, па доколку сакате да ги видиме сите промени во WatchOS 9, тоа можете да го направите на овој линк.

Претходна статијаApple го претстави нивниот M2 чип заедно со редизајниран MacBook Air и 13 инчен MacBook Pro
Следна статијаmacOS Ventura донесува нов начин за работа со повеќе прозори, подобрување кај Spotlight и можност за користење на iPhone како веб камера
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.