Додека огромен број на корисници уште користат едноставни лозинки кои ги користат на повеќе сервиси и не ги прифаќаат препораките за користење на „менаџери на лозинки“, како и дво-факторска автентикација, полека се воведува решение кое ќе го реши овој проблем еднаш за секогаш.

Решението е целосно тргање на употребата на лозинките, а најавувањето на оперативните системи, апликации, веб страни и слично, да се прави преку одобрување на најавувањето преку отклучување на телефонот, кратко кажано, односно со истата активност која корисниците ја прават повеќе пати во денот, како што истакнуваат од FIDO алијансата.

Целосно тргање на лозинките и најавување преку мобилните овозможува Microsoft. Најавувањето се прави многу едноставно, односно по внесување на корисничкото име, без разлика дали е на веб страните од Microsoft, дали е на Windows или некоја апликација, најавувањето се одобрува преку Microsoft Authenticator апликацијата која е заштитена со пин или отпечаток на прст, односно лицето на корисникот.

FIDO Alliance и World Wide Web Consortium работат на воведување на стандард за најавување без лозинки уште од 2018 година, а повеќе компании соработуваат со овие организации и се нафатија дека ќе почнат да го користат стандардот.

Од FIDO Alliance овој месец најавија дека три доста важни компании, Apple, Google и Microsoft се имаат обврзано за проширување на поддршката за стандардот за најавување без лозинки. Оваа соработка ќе значи најавувањето да не функционира само на сервисите и платформите од компаниите, туку веќе да не биде важно корисникот што користи.

Кратко кажано, корисниците ќе можат да се најавуваат на нивниот Windows компјутер користејќи го нивниот iPhone телефон, а овој пример важи за сите комбинации помеѓу сервисите и платформите на овие компании.

Од FIDO истакнуваат дека целта исто така им е да корисниците можат да се најават еднаш на некој сервис и потоа да нема потреба од повторно регистрирање доколку сакаат да го користат истиот метод на друг уред.

Доколку корисникот го изгуби телефон, целта на FIDO е да враќањето на пристап до сервисот биде едноставен процес, дури и за сервисите од банките.

Првиот резултат од оваа соработка се најавува за до крајот на оваа година, а со тоа треба да се зголеми и безбедноста на интернет. Главната разлика сепак ќе може да се види кога повеќе сервиси на интернет почнат да го користат стандардот, па најавувањето без лозинка да може да се прави и на Facebook, Instagram, Twitter и повеќето други познати сервиси.

ИЗВОРFIDO Alliance
Претходна статијаDevCon повторно во живо – конференција од ИТ заедницата за ИТ заедницата на 14 мај во City Hall Скопје
Следна статијаДали Apple се премислува за претставување на хибриден уред?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.