Microsoft направи одличен успех, после неколку обиди, со нивната хибридна Surface серија на производи. Корисниците, сега кај дел од серијата, добиваат можност за користење на уред кој можат да го користат како лаптоп кога на него ќе се поврзе тастатура или како таблет компјутер.

Уште тогаш на Apple им беа поставувани прашања за тоа дали и тие планираат да претстават еден ваков уред, но тие одговараа дека никогаш не планираат такво нешто. Од компанијата како конкуренција на Surface го претставија iPad Pro кој доаѓа со можност за додавање на тастатура и користење со Apple пенкалце.

Од патент поднесен од компанијата може да се заклучи дека тие во најмала рака размислуваат да ја променат оваа политика и на пазарот сепак да понудат некој вид на хибриден уред.

Според патент апликацијата, хибриден би бил iPad кој кога ќе се додаде тастатура ќе добие дополнително изменет кориснички интерфејс кој повеќе наликува на macOS. Поточно, со додавањето на тастатурата, iPad ќе може да се користи со прозорите посебно прикажани како на компјутерите, односно корисниците би добиле кориснички интерфејс кој повеќе е погоден за лаптоп компјутер.

Ова сепак е поразлично од начинот на којшто тоа го прави Microsoft, односно еден оперативен систем кој се прилагодува, па Apple би си останале на тој дел од зборот барем, дека ќе продолжат да развиваат посебни системи за десктоп и таблет компјутерите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаApple, Google и Microsoft ја прошируваат својата поддршка за најавување на апликации и веб страни без лозинки
Следна статијаSamsung Smart Monitor M8 од сега достапен и во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.