Microsoft оваа промена ја најавува веќе неколку години, па сега конечно се спремни да им ја овозможат на сите корисници. Можноста за бришење на лозинката целосно од сметката на корисникот сега е достапна кај приватните корисници, можност која треба да придонесе за подобрување на безбедноста на корисниците, како и да го поедностави и забрза процесот на најавување.

Кога сметката на корисникот веќе нема да има лозинка, на истата ќе може да се најави на неколку други начини, како што се безбедносни клучеви, Windows Hello, код испратен преку SMS или имејл, а можеби најпогодинот начин за повеќето корисници ќе биде преку одобрување на најавувањето преку Microsoft Authenticator апликацијата.

За да се исклучи, односно избрише лозинката, треба да се отворат прилагодувањата на Microsoft сметката, на https://accounts.microsoft.com, па да се отиде во Advanced Security Options делот која е дел од Security, па во Additional Security е достапна опцијата „Passwordless account“.

По вклучувањето на оваа опција, за која треба да се инсталира Microsoft Authenticator апликацијата, лозинката ќе биде избришана, а тоа ќе се потврди со известувањето кое треба да се одобри преку оваа апликација.

Причината поради која Microsoft ја нуди оваа можност е зголемување на безбедноста на сметките од корисниците. Поради тоа што повеќето корисници користат слаби лозинки кои исто така ги користат на повеќе места, не ретко нивните сметки можат лесно да бидат пробиени. Користењето на менаџер за лозинки и ставањето на сложени лозинки помага, но потребата од тоа се трга со можноста за најавување преку известување, клуч и слично.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаXiaomi претстави три нови телефони од 11 серијата
Следна статијаПреку фриленсинг до помош за самохраните мајки во земјата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.