Xiaomi оваа недела претстави три нови телефони од највисоката и средно високата класа кои ќе се продаваат и на европскиот пазар. Трите телефони од компанијата ги промовираат како телефони за „креаторите“ во ова време на огромна популарност на TikTok, Instagram, YouTube и другите.

Xiaomi 11T и Xiaomi 11T Pro се повеќе слични модели, со само неколку разлики кои ги има про моделот, додека Xiaomi 11 Lite 5G NE е поразличен, но и тој доаѓа со интересни карактеристики кои го привлекуваат вниманието.

Најсилниот модел, Xiaomi 11T Pro, мора да се признае дека и Xiaomi се приклучи на производителите со не баш најдобар избор на имиња, доаѓа со 6,67 инчен FHD+ OLED екран со стапка на освежување од 120 херци. Екранот исто така доаѓа со дополнителни одлични карактеристики, како TrueColor, функција која ја прилагодува топлината на боите зависно од околината, HDR10+, Dolby Vision, 1000 nits светлина, 480 херци стапка на освежување при допир.

Xiaomi 11T Pro е и првиот смартфон од компанијата кој доаѓа со Xiaomi HyperCharge технологијата за брзо полнење со 120W. Според Xiaomi, телефонот кој има батерија со капацитет од 5000 mAh, се полни целосно за само 17 минути. За да не дојде до оштетување на уредот и батеријата, технологијата овозможува повеќе ниво на заштита, како што е заштита од прегревање, батеријата е поделена на два дела и слично.

Телефонот работи на Snapdragon 888 и може да се избере до 12GB RAM, како и до 256GB простор за податоци со UFS 3.1.

Камерите кај Xiaomi 11T Pro се три од кои главната има 108 мегапиксели, а другите две се наменети за зумирање, како и ултра широки слики.

Овој телефон ќе се продава по цени од 650 до 750 евра.

Xiaomi 11T доаѓа со слични карактеристики како про моделот, со тоа што одредени карактеристики на екранот на се достапни, очекувано. Исто така, овој модел го нема полнењето со 120W, па се полни со 67W, што пак е доста побрзо од повеќето конкуренти на пазарот.

Овој модел ќе се продава по цена од 600 евра.

Главната карактеристика на третиот модел е неговата мала дебелина и тежина. Овој телефон доаѓа со нешто помал екран, 6,55 инчи, исто така направен со AMOLED технологија, но нема стапка на освежување од 120 херци.

Камерата кај овој телефон е со 64 мегапиксели, а исто така има и камера за сликање од блиску, како и ултра широка камера.

Овој модел ќе се продава по цена од околу 370 евра.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Xiaomi
Претходна статијаРСБСП: Иднината на одржливата мобилност е во твои раце – вози велосипед
Следна статијаMicrosoft сметките сега може да се користат без лозинка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.