Google ќе почне да ја користи новата функција која ја додаде во Android оваа година кај сите уреди кои работат на седмата верзија или понова од оперативниот систем. Се работи за FIDO2 сертифициран сигурносен клуч или кратко кажано, Android доби можност да се користи наместо безбедносните USB стикчиња.

Искористувајќи ја оваа можност, Google овозможи најавување на нивниот, за почеток, passwords.google.com сервис без потреба од внесување на лозинка. Тоа значи дека кога ќе треба да се најавите на онлајн сервисот, тоа ќе го направите со внесување на вашето корисничко име, а наместо лозинка, ќе го искористите сензорот за отпечатоци.

Овој систем функционира и со останатите начини за отклучување на телефонот, па ќе може да се користат и поставените пинови, лозинки и шеми за отклучување.

Клучното кај овој начин на најавување е што лозинката не се користи и воопшто не се ни пренесува до сервисот на којшто се најавувате. Тоа значи дека нема што да се пресретне со што сметката станува скоро невозможно да биде пробиена.

Исто така, од Google истакнуваат дека тие не го пренесуваат вашиот отпечаток од прст преку серверите, туку тој се користи само локално на уредот да се потврди дека сте вие, по што FIDO2 и останатите протоколи кои се користат, пренесуваат друг шифриран клуч со што се овозможува најавувањето.

За почеток оваа можност е достапна само за Pixel уредите и на едната наведена страна од Google. Во деновите што следи ќе стане достапна и за останатите Android 7 и понови уреди, а со тек на време ќе почне да се користи за повеќе сервиси. Исто така, овој начин може да се користи само преку Chrome прелистувачот.

Microsoft исто така оди во овој правец, односно најавување на нивните сметки без потреба од внесување на лозинка. Ова може слободно да се каже дека е иднината на заштитата на сметките, а тоа значително ќе ја подобри безбедноста кога ќе се земе во предвид колкав процент од корисниците користат едноставни лозинки и не користат дво-степена автентикација.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2The Hacker News
Претходна статијаFirefox веќе нема да ја користи Quantum додавката и ќе ја замени со едноставната Browser
Следна статијаHUAWEI го претстави EMUI10 за да обезбеди паметно искуство во сите можни сценарија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.