Веб стандардот е развиван со години и W3C и FIDO Alliance од оваа недела го направија достапен за сите заинтересирани да го користат. Се разбира за истото да стане масовно ќе треба да почне да се користи од страна на сопствениците на веб страни и сервиси, меѓутоа токму тоа е целта на овој стандард кој е со отворен код.

Трошоците за имплементирање се многу пониски, па веќе нема во главно Google, Microsoft, Facebook и слични да може да имплементираат вакво решение.

Инаку, овој стандард ќе овозможи нешто што веќе се користи од големите компании, а како што истакнав ќе го направи само подостапно. Поточно, користејќи гo WebAuthn (Web Authorization), корисниците ќе може да се најавуваат на веб страните и сервисите без потреба од користење на лозинка.

Истото ќе може да го направат користејќи мобилна апликација, USB токен, биометриска автентикација како што е отисокот од прст и слично.

Најавувањето ќе може да се прави целосно без лозинка или како додатна заштита, како што и веќе гледаме на голем број сервиси кои овозможуваат дво-степена автентикација. Повеќето од нас ваквата автентикација ја користиме со апликација, меѓутоа деловните корисници истото го прават со посебни USB токени.

Уште еден фактор во проширувањето на користењето на WebAuthn е и имплементацијата на поддршка за стандардот кај интернет прелистувачите. Microsoft, Google и Mozilla веќе ја најавија својата поддршка, па истата е достапна во бета верзијата од Firefox 60, а во месеците што следат ќе биде достапна и на Chrome и Edge.

Според информациите Apple се’ уште ја нема најавено својата поддршка, меѓутоа мали се шансите истата да не биде вградена и во Safari.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2FIDO Alliance
Претходна статијаМобилниот телефон го прослави својот 45-ти роденден
Следна статијаВтор ден пред Сенатот: Еве ги клучните моменти поврзани со Марк Закерберг
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.