Со пуштањето на iOS 16 на вчерашната WWDC 2022 конференција, Apple секако ја претстави и шеснаесеттата верзија од iPadOS. Оваа верзија, покрај тоа што ги донесува промените на одредени апликации кои се истите за сите платформи од компанијата, донесува и новини поврзани со можноста за работа со повеќе апликации.

iPadOS 16 не донесува класично користење на повеќе апликации во намалени прозори како што се очекуваше, па тие се решија да новата Stage Manager функција од macOS 13, ја донесат и кај таблет компјутерите.

Со Stage Manager корисниците ќе можат да отворат повеќе апликации и истите наместо на целиот екран, да ги гледаат во намален прозор, а останатите отворени наредени во форма на мали слики од левата страна на екранот.

Дополнително, Stage Manager овозможува групирање на апликациите и нивно прикажување со еден клик, а во намалената форма ќе се гледаат една врз друга, па корисниците ќе можат да бираат која да биде во преден план.

Делува малку комплицирано во споредба со класичното користење на прозори на компјутерите, но сепак Apple смета дека на нивните таблет компјутери не треба да има таков начин на интеракција со апликациите.

iPadOS 16 донесува и целосно поддршка за поврзување на надворешен монитор и можност за работа со двата монитори и посебно отворање на апликации. Како што би се очекувало, можна е интеракција помеѓу апликациите на двата екрани, со што iPad таблет компјутерите стануваат многу повеќе од тоа што беа досега.

Новата верзија од iPadOS ги донесува и заедничките новини кај дел од апликациите од Apple, како што се новите можности за споделување врз основа на период и личноста во сликите преку Photos, можност за соработка на документи преку Messages, можност за групно следење на отворени веб страни во Safari и слично.

Apple исто така се одлучи конечно да ја донесе нивната Weather апликација на iPadOS 16, а истата овозможува одлични анимации, како и различни детали за информациите кои се достапни.

Промените кај iPadOS 16 исто така ги има многу, па доколку сакате да ги видите деталите за сите од нив, тоа можете да го направите на Apple страната.

Претходна статијаApple го претстави iOS 16 со најмногу промени на екранот кога е заклучен телефонот
Следна статијаApple го претстави нивниот M2 чип заедно со редизајниран MacBook Air и 13 инчен MacBook Pro
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.