Оваа година iPadOS не беше пуштен за корисниците заедно со iOS, како што тоа е случајот секогаш од издвојувањето во два посебни оперативни за мобилните и таблет компјутерите на iOS.

iOS 16 беше пуштен во првата половина на септември, а за iPadOS 16 беа потврдени гласините дека ќе биде пуштен нешто подоцна, односно во октомври, според најавите.

Уште пред пуштањето на iOS 16 за сите корисници, Apple почна да ја тестира iPadOS 16.1 верзијата со програмерите и преку бета програмата.

Според информации од Марк Гурман, пуштањето на финалната верзија од iPadOS 16, која ќе биде пуштена директно на верзијата iPadOS 16.1, може да се очекува во неделата од 24 октомври.

Главната причина за одложувањето на iPadOS 16 беа проблемите со новата Stage Manager функција, која не се покажа баш најдобро на iPad уредите, прикажувајќи одредени багови и проблеми при работењето.

Корисниците нема веднаш да ја добијат можноста за приклучување на iPad уредот на надворешен монитор, нешто што исто така покажа одредени проблеми во фазата на тестирање, но може да се очекува до крајот на годината.

Заедно со пуштањето на iPadOS 16.1, се очекува и пуштањето на iOS 16.1, а овие две верзии се моментално достапни преку бета програмата.

За овој месец се очекува и претставување на нови iPad уреди, но уште не е познато кога тоа би се случило, а има и гласини дека Apple ги има откажано настаните поради некоја причина, па можно е само нивно пуштање преку објава на ПР текстови.

Претходна статијаБорба против корупцијата преку поттикнување отчетност, интегритет и транспарентност
Следна статијаSamsung ќе го лиценцира Tizen OS да се користи и кај други брендови на телевизори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.