По издвојувањето како посебен оперативен систем со посебни функции за таблет компјутерите, iPadOS продолжи да биде пуштан за корисниците заедно со iOS, на чија основа уште е направен.

Оваа година за првпат тоа нема да биде така, а дека работите ќе одат во тој правец стана јасно по пуштањето на iPadOS 16.1 beta, наместо да се продолжи со бета верзиите од 16.0 верзијата како што е случајот со iOS.

Информациите дека пуштањето на овие два оперативни системи оваа година нема да биде во исто време ја потврдија од Apple кои истакнаа дека iPadOS 16 во својата финална верзија за сите корисници може да се очекува подоцна во есента.

Според некои, тоа би требало да биде во октомври, додека iOS 16 може да се очекува стандардно во септември веднаш после настанот на кој ќе бидат претставени iPhone 14 телефоните.

Apple не ја кажа причината за одложувањето на iPadOS 16, но според информациите причината се проблемите кои ги има новата Stage Manager функција. Тие што ја тестираат укажуваат на „багови“ и проблеми, па изгледа ќе треба нешто повеќе време да се развие како што треба.

Stage Manager е главната нова функција кај iPadOS 16 која овозможува корисниците да користат повеќе отворени апликации во форма на прозори како на компјутерите. Тие се прикажуваат еден по еден, но може да се наредат и неколку еден до друг. Оваа функција, која е достапна и на macOS, ќе направи да iPad компјутерите се користат како лаптоп компјутери.

ИЗВОРEngadget
Претходна статија5 начини како да го извадите максимумот од секој тренинг со Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro
Следна статијаSamsung го претстави Galaxy A04, смартфон од пониската класа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.