Samsung ја претстави новата генерација од нивната серија од пониската класа телефони, Galaxy A04. За разлика од порано, овие телефони функционираат одлично, а имаат и по некоја понапредна карактеристика, па не е чудо што одреден процент од корисниците сметаат дека нема потреба од купување на било што поскапо.

Galaxy A04 е наследник на ланскиот Galaxy A03 и иако промените не се драстични, тој сепак донесува одредени подобрувања.

Екранот му е со големина од 6,5 инчи и има резолуција од 1600 на 720 пиксели, со што се добива нивна густина од 270 пиксели на инч. Технологијата во која е направен екранот очекувано е PLS LCD, а на горната страна камерата е поставена во таканаречениот „солза“ исечок.

Телефонот работи на осум јадрен процесор, но не е точно познато кој. Доаѓа со избор од 32, 64 и 128GB простор за податоци, како и 4, 6 и 8GB RAM. Работи на One UI 4.1 кој е направен на основа на Android 12 и има батерија со капацитет од одлични 5000 mAh.

На задната страна, поставени без посебни модули, се две камери со 50 мегапиксели со f/1.8 и уште една камера за проценка на длабочината од 2 мегапиксели. Селфи камерата е со 5 мегапиксели и f/2.2.

Достапноста на Galaxy A04 и цената уште не се достапни, а се очекува дека ќе ја задржи ланската цена на претходникот од околу 9.000 денари.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаiPadOS 16 нема да биде пуштен заедно со iOS 16 и ќе дојде нешто подоцна
Следна статијаПоранешен директор во Twitter излезе со сериозни обвинувања за безбедносните практики во компанијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.