Samsung оваа недела објави дека започнува со партнерство со повеќе компании производители на телевизори на кои ќе им го лиценцира нивниот Tizen OS. Ова е платформата на која функционираат паметните Samsung телевизори и ќе им овозможи на брендовите кои не се Samsung да можат да ја користат.

Јасно е дека не може да се очекува соработка со познатите брендови кои секако имаат сопствени платформи или ја користат Google TV платформата, но затоа може да се очекува големо подобрување кај помалку познатите телевизори.

Дел од брендовите кои беа најавени дека ќе почнат соработка со Samsung се Bauhn, Linsar, Sunny, Vispera и други, а нивните телевизори со Tizen OS може да се очекуваат уште ова година за почеток во Австралија, Италија, Нов Зеланд, Шпанија, Турција и Велика Британија.

Телевизорите од овие брендови ќе добијат функции како Samsung TV Plus стриминг сервисот, Bixby дигиталниот асистент, но и други, како и подобро развиена и модерна платформа за паметните телевизори, на која се достапни доста апликации.

Tizen OS е оперативен систем со отворен код, а под овој бренд Samsung до пред некоја година ги имаше и нивните паметни часовници. Во соработка со Linux фондацијата, првата верзија од Tizen OS беше претставена во 2012, а од компанијата истакнуваат дека сега повеќе од 200 милиони луѓе имаат телевизори кои работат на оваа платформа.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Samsung
Претходна статијаiPadOS 16 може да се очекува до крајот на месецот
Следна статијаMicrosoft го одржа нивниот Surface настан и ги претстави Surface Pro 9, Surface Laptop 5 и Surface Studio 2+
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.