Bash_screenshot

Во понеделникот Apple ја издаде чеканата надградба за OS X (верзиите Lion, Mountain Lion и Mavericks) која е наменета да ги заштити Mac компјутерите од проблемот „Bash“ кој ги напаѓа поврзаните уреди на интернет.

Имено, овој проблем е познат од неодамна кај Unix системите и под името „Shellshock“ и претставува фамилија на проблеми со Униксовото Баш јадро, кое го користат многу сервери за да процесираат одредени мрежни команди. Истиот проблем овозможува некој напаѓач да го наведе системот да изведува команди по негова желба преку нивно инјектирање.

Apple изјави дека повеќето корисници на OS X и така не биле под опасност од овој проблем ако не ги менувале почетните нагодувања на нивните оперативни системи и дека ваквиот проблем може да важи само за тие корисници кои правеле такви промени.

Овој проблем, ако е искористен од малициозни хакери, би можел да претставува значаен проблем за многу Интернет сервери и Интернет-поврзани уреди. Во меѓувреме се објави и дека повеќето дистрибуции на Linux ќе објават надградби за решавање на оваа слабост во Unix (види тука и тука).

Извор: Phys.org, Securityblog.redhat

Претходна статијаЗа прв пат „невидливост“ преку едноставен систем на леќи
Следна статијаНова техника на печатење метали во 3D простор