Screenshot 2014-10-01 20.02.26

Многу од филмските обожаватели го имаат гледано „Предатор“. Во него овој посетител од друга планета поседуваше технологија за да може да се скрие од видното поле пред да дојде до жртвата и да ја спреми за вечера. Ваквата технологија е се’ уште многу далечна гледано од денешна перспектива, но се прават мали чекори натаму.

Научниците од Универзитетот Рочестер имаат постигнато маскирање на објектите пред системот на леќи до одреден степен така што ефектот е еден вид на невидлива маска, која ја нарекле „Рочестер маска“ (Rochester cloak). Интересното е што овој ефект го имаат постигнато со многу едноставен систем на леќи кои на прост физички начин ја пренасочуваат светлината и овозможуваат објектите пред самата леќа да „исчезнат“ од видното поле. Се работи за систем кој има леќи на две страни и објектот кој ќе се вметне меѓу нив до одреден агол не се гледа во полето, давајќи привид дека го „снемало“.

Останатите технологии на маскирање вклучуваат егзотични материјали и се’ уште не работат добро за видливото електромагнетно зрачење. Предноста на овој систем е што е толку едноставен и евтин што секој би можел да го изведе и дома.

За повеќе информации околу начинот како е постигнат овој ефект, како и за тоа како би можеле вие по дома да го изведете истото, погледнете го следново видео:

Останува да видиме што новина ќе донесе оваа технологија во претстојните години, како и дека ќе ја откриеме пред некој вонземски вид да нè посети на Земјата за да можеме ние да им се скриеме први.

Извор: Cnet, ScienciDaily

Претходна статијаSherlock Holmes – Crimes & Punishments, ново руво за стариот добар детектив
Следна статијаApple објави софтверска надградба која треба да ги заштити нивните корисници од „Bash“