Производството на електронски кола денес се остварува со високо-автоматизирани машини – роботи кои ги поставуваат колата и ги лемат во дел од секунда во заеднички форми. За успех на ваквата операција потребно е лемот кој се користи да се стопи на многу висока температура и да се лади со воздух, нешто што доведува до оксидација на металот. Воедно, со ваквите машини не е можно создавање на 3 димензионални кола или принтови од метали.
Сето ова се надева дека ќе го промени еден тим на кинески научници од Пекинг Ки лабораторијата, дел од техничкиот институт за физика и хемија при Кинеската Академија за науките. Имено, тие имаат успешно експериментирано со нова технологија на нанесување на метал користејќи 3Д принтер кој се базира на игли и течно ладење на металот. Како „мастило“ се користи метал кој се загрева на малку поголема температура од собната (под 300° целзиусови) за да се втечни и потоа преку систем на игли се нанесува на саканото место и во посакуваниот облик. На местото каде што се нанесува истиот се лади со помош на некоја течност (вода, етанол или друга) што спречува заробување на кислородни атоми и `рѓа во самиот метал.
Во споредба со стандардното метално печатење, со овој метод се овозможува полесно печатење во трета димензија, температурата и брзината на течење на бојата може прецизно да се контролира со помош на компјутерски регулатор, печатењето може да комбинира метал со пластика или други материјали по потреба, па дури и обликот и големината на принтот може лесно да се промени преку промената на иглите кои се користат.
Инаку, технологијата за метално печатење се развива со голема брзина и веќе е достигната на ниво каде може да отпечатат разновидни објекти како оружје, лагери и слично.
Извор: Phys.org