yogurt

Микробите кои се наоѓаат во системот за варење имаат интеракција со вашиот мозок, па дури имаат способност да ве направат да се чувствувате подобро!

Според најновите неколку студии, таканаречените пробиотици кои се наоѓаат во млечните производи (пред се` во јогуртот), покрај тоа што се добри за вашиот систем за варење и ви помагаат во совладувањето на храната, имаат и позитивен ефект врз вашето расположение. Истражувачите досега покажаа дека внесување на пробиотици во текот на еден месец делуваат негативно кон симптомите на психолошка растревоженост кај здрави луѓе.

Во новата студиja, пак, каде што биле анализирани две групи по 20 луѓе, беа испитани ефектите на пробиотиците врз расположението на испитаниците. Истражувачите на првата група им давале пробиотици со различни видови на бактерии, а на втората група плацебо. Резултатите се следни: тие кои земале пробиотици биле помалку наклонети кон негативни мисли во одговор на тажно расположение. Ефектот на пробиотиците највеќе бил изразен во однос на агресивни и руминативни (автоопсесивни) ефекти во однос на лошото расположение.

„Сепак, руминативните мисли се најбитни во предвидувањето на започнувањето и развитокот на депресија“, изјави Лаурен Штеенберген од Холандскиот Лајден Универзитет. Истражувачите укажуваат на фактот дека бројот на испитаници бил мал, но сепак, забележаните ефекти се навистина интересни. Тие би сакале да ги тестираат ефектите на пробиотиците врз лица кои веќе се заболени од депресија.

Тоа што е битно е дека пробиотиците имаат начин на директна комуникација со нашиот мозок, и имаат генерално позитивен ефект врз нашето расположение. Се поставува прашањето дали тоа е некој тип на еволутивно приспособување од нивна страна како би ги задржале во нашиот организам како полезни за нас, или пак се работи за некоја случајна мутација која создала некои супстанци налик невротрансмитери кои кај нас имаат позитивен ефект врз расположението, налик некои опојни супстанци.

Во секој случај, следниот пат кога ќе се осеќате тажно или депресивно, испијте еден литар јогурт. Ако не ви помогне на расположението, барем ќе ви помогне на системот за варење.

Извор: Brain Decoder, Medical Daily

Претходна статијаШто е ново во дизајнот на Windows 10?
Следна статијаNubia Z9 – Телефон со рамка која е осетлива на допир