Windows-10-10051-Spartan-Tiles-Tour

Со лансирањето на Windows Phone 7, Microsoft предизвика големи промени во дизајнот на софтверот кај конкурентите, иако самиот оперативен систем не беше доволно успешен. “Metro” филозофијата ги донесе живите плочки на почетниот екран, како и минималистички изглед на апликациите и менијата и голема употреба на “swipe” командата. Иако базиран на тој дизајн, втората реинкарнација, претставена во Windows 10, донесува неколку значајни промени.

Сега, за разлика од претходниот пристап, каде се користеше висок контраст, односно главните апликации имаа бели букви на црна позадина, Windows 10 ќе биде пообоен, слично како Android Lollipop со Material Design. Секако, нема да се користат многу различни бои и дизајнот ќе остане минималистички, но промената донесува живост и многу подобро одговара на дизајнот на апликациите кои не се вградени во телефонот.

mdl2-windows-10-compare

Покрај тоа, многу од линиите стануваат потенки, како и самиот фонт, додека низ целиот оперативен систем ќе има скоро цел сет на нови мали икони. Исто така, апликациите сега веќе нема да го имаат “swipe” интерфејсот, туку ќе имаа „хамбургер“ мени во горниот лев дел, исто како кај Android и iOS, што е го олесни префрлањето на апликациите од тие еко системи во оној на Windows 10.

Промени има и кај живите плочки кај верзијата за телефоните, кои сега ќе можат да бидат целосно транспарентни, или пак делумно, по избор на корисникот. Вака, оние што користат Windows телефон, конечно ќе можат целосно да ја гледаат позадината на почетниот екран.

wireframe-icons

Единствено нешто што останува е името на новиот дизајнерски јазик кој ќе го има Windows 10, слично како што Google направи со Material Design. “Metro” беше убаво име, но Microsoft не смееше да го користи поради тоа што немаше права над него, а “Modern Design” е премногу воопштено.

Извор: Windows Central

Претходна статијаGenie – автоматизиран „создавач“ на храна налик репликаторот од Ѕвездени патеки
Следна статијаПијте јогурт за да бидете посреќни – Истражување на ефектот на пробиотиците врз расположението