woman-chewing-gum

Ви се закачи некоја песна која, и покрај тоа што е досадна и не баш врвно дело на музичката уметност, сепак не можете да ја извадите од ум веќе втор ден? Место да се нервирате или да барате полурешенија (како, да слушате друга песна која ќе ви влезе во меморијата место првата), можете да го решите проблемот на многу едноставен начин – џвакајте мастики.

Според најновото истражување од Универзитетот од Рединг, менталната патека која оди од мозокот до ушите е таа која ги држи заразните песни во меморија и ги повторува до „бесвест“. Со џвакањето мастика вие го прекинувате патот на сигналите преку механичката акција на вилицата. Притоа, не е јасно дали вилицата ги прекинува сигналите во нервите, или пак предизвикува звуци кои се праќаат до слушното тапанче (бидејќи грлото е поврзано со ушите преку Евстахиевата туба, што е позади причината што можете да ги одзатнете ушите со зевање)  па звукот ви го пореметува „Винампот“ во глава.

Инаку, џвакањето мастики е досега потврдено како позитивно за когнитивните карактеристики. Впрочем, џвакањето мастика 20 минути пред ментален тест покажало дека има позитивен ефект врз испитаниците – но не ако џвакате за време на тестот. Дополнително, во една изолирана студија од 2009 година, џвакањето мастика предизвикало намалување на нивоата на кортизол во крвта, популарниот стрес-хормон.

Така што, ако имате песна која сакате да ја извадите од глава додека ги чистите забите, а воедно да положите полесно на испит – џвакајте мастики. Само бидете културни и затворете уста додека го правите тоа. Испробајте го најновиот метод на следниве песни:

Извор: Engadget, Forbes

Претходна статијаWindows 10 Build 10080 за телефоните ќе биде достапен уште оваа недела
Следна статијаКуба има вакцина против рак на бели дробови – а САД се заинтересирани да ја добијат