Куба – малата карипска држава-остров во Мексиканскиот залив кој сите го знаеме заради пури, убави плажи, и страв од тотално нуклеарно уништување. Куба е предмет на ембарго од САД повеќе од 5 децении, потточно од 1960 година. Ваквата ситуација предизвика кубанците предводени од револуционерот Фидел Кастро и неговиот брат Раул, да создадат самодоволна економија, да воведат паралелен економски систем и да развијат многу услуги кои не можеа да ги развијат преку увоз на опрема и луѓе.
Една од овие услуги е здравствениот систем. Според Светската здравствена организација, кубанскиот здравствен систем се наоѓа на високото 39-то место, веднаш зад тие на Словенија и САД (за споредба, Македонија се наоѓа на „чесното“ 89-то место)! Ваквите карактеристики на здравствениот систем на оваа островска нација резултира во интересни резултати во медицината и интересни, иновативни решенија за борба против болестите.
Кубанците денес имаат вакцина против рак на бели дробови до која е дојдена преку иновативен пристап кој не се поклопува со стандардниот начин на истражување на вакцини против рак во светот. Вакцината се вика Climavax, а за нејзе се заинтересирани повеќе држави во светот, меѓу кои и САД – нивниот комшија-полунепријател. Според Кандис Џонсон, управител на Росвел Парк институтот за рак, „шансата да се провери ваква вакцина е многу возбудлива работа“. Според нејзе, вакцината има ниска отровност, а воедно е релативно евтино да се произведе и чува. Таа се надева дека ќе има шанса да ја тестира Climavax за околу 6 до 8 месеци, а дека ќе започне со клинички тестирања за една година.
Инаку, кубанската влада во 2011 година ја ослободи вакцината и ја направи бесплатна за секој што ја сака. На ова претходеа 25 години истражување за да се произведе од страна на кубанскиот Центар за молекуларна имунологија. Со оглед на тоа што рак на бели дробови е четврт најголем фактор за сите смртни случаи во Куба, очигледна е потребата од вложување во ваков тип на вакцина која воедно е многу евтина (чинењето на давање една вакција е само еден долар за кубанската влада).
Извор: Wired, IFLScience