457253-hands-on-windows-10-for-phones

Сите корисници на Windows Phone кои не можеа да ја дочекаат официјалната верзија на Windows 10 за своите смартфони и кои ја користат Technical Preview верзијата, неделава веројатно ќе добијат нова надградба и тоа верзијата 10080, која треба да донесе неколку подобрувања.

Најважно ќе биде веројатно лансирањето на новите, модерни Office апликации, кои ќе бидат истите оние што ќе се користат на десктоп компјутерите. Ова значи дека ако почнете некој документ на вашиот смартфон, многу лесно ќе може да го продолжите на лаптопот, компјутерот или таблетот. Јадрото на Office апликациите, како Word, PowerPoint и Excel ќе биде исто на сите платформи и истите ќе се разликуваат само во тоа што ќе се прилагодуваат на различни големини на екранот.

Покрај додавањето на Office апликациите, новата 10080 верзија конечно ќе биде достапна за Lumia 930, односно Lumia Icon (американската верзија), кој е моментално знаменосецот во понудата на Microsoft.

Да потсетиме, Windows 10 за телефоните треба да донесе многу подобрувања во однос на Windows Phone 8.1, со освежен почетен екран, на кој целосно ќе може да се стави позадина со транспарентни живи плочки, нов дизајн на делот за подесувањата и најважно од се, универзални апликации, кои ќе работат на сите верзии од Windows 10, вклучувајќи ги и компјутерите и Xbox One. Исто така, дивелоперите ќе можат лесно да ги префрлат своите Android и iOS апликации на Windows 10.

Исто така, кај помоќните модели ќе биде достапна и Continuum опцијата, односно можноста да го користите телефонот како целосен Windows 10 компјутер кога ќе го вклучите на поголем дисплеј.

Извор: Windows Central

Претходна статијаШто се случува со нашиот мозок кога вежбаме?
Следна статијаНе можете да престанете да мислите на некоја песна – џвакајте мастика