Во рамки на јубилејниот Викенд Медиа Фестивал кој ќе се оддржи од 21. до 24. Септември во старата фабрика за тутун во Ровињ, свое претставување ќе има и Андерс Гранберг (Anders Granberg), Директор на Шведската регионална агенција Нод Пол. Гранберг на фестивалот ќе говори за првиот Фејсбук дата центар надвор од Соединетите Американски Држави, лоциран во Шведска. Како Шведска го донесе Фејсбук на самиот север и што тоа значи за регионот во кој ирвасите уживаат во поларната светлина, ќе дознаеме на самото предавање за кое ова интервју е идеална увертира. На оваа тема поразговаравме со Андерс Гранберг, а повеќе можете да дознаете во продолжение.

  1. Како Шведска успеа да го донесе Фејсбук во северниот регион?

Постои долгогодишна традиција на соработка и партнерство помеѓу шведскиот редион на северот и корпоративните партнери. Заедно работевме да длабински анализи и одбиравме места за стратешки или центри за податоци. Проектот поврзан со носењето на Фејсбук во Шведска го започнавме во 2008 година и заедно со локалната самоуправа, корпоративните партнери и универзитетската заедница развивавме методи и го подигнавме квалитетот за да ги задоволиме потребите на индустријата со податоци.

  1. Работевте на основање на мега центарот за податоци на Фејсбук во Шведска. Која е неговата намена?

Тој центар служи за Фејсбук корисниците од ЕМЕА регионот, а истовремено е еден од стратешките хабови на Фејсбук, односно дел од нивната глобална мрежа на податоци.

  1. Колку е Фејсбук значаен за северниот регион?

Постои изрека кај нас на север која вели дека постоело време пред Фејсбук и сега постои време по Фејсбук. Секако, се работи на огромен проект кој ќе трае одреден број години и кој допринесува за голем број бенефити за локалната заедница. Најважен придонес е меѓународниот ПР заради кој во регионот доаѓаат околу 500 луѓе годишно со цел да се бават со истражувачки проекти, како и зголеменото чувство на гордост кај локалните жители.

  1. Како Вие и Вашиот тим станавте толку влијателни во ИТ секторот во Шведска?

“Luleå“ има долга традиција во ИТЦ работењето. “Luleå University of Technology“ Универзитетот, основан во 1971 година, има доста добро развиен истражувачки оддел, а компаниите како Ериксон се присутни во регионот веќе 35-40 години. Постои силна регионална мрежа која се состои од многу вешти и талентирани луѓе кои се занимаваат со идните предизвици во ИТ секторот. За ова е клучна соработката.

  1. Што е потребно за да постигнете успех на меѓународно ниво?

Потребно е константно да ги следите потребите на меѓународните пазари, дури и ако сте мал регион или општина. Креирајте привлечни предлози, истражувајте на кој му е корисно она што го имате и бидете подготвени да дадете и повеќе од она што инвеститорот очекува. Создавањето на понуда за вакви проекти е комплексно и засегнатите страни треба да соработуваат за еден ваков проект да се реализира.

  1. Работите во сегмент на многу агилно водење на проекти и претприемништво. Како изгледа еден ваш типичен ден? Кој е описот на вашата работа?

Работам како консултант и постар советник во сегментот на директните странски инвестиции. Моите клиенти се држави, региони, иновациски системи, индустрии и општини.

  1. Што означува развој на иновациските системи кои се стремат да ја зголемат меѓународната конкурентност?

Секогаш има луѓе кои се одлучни нешто да променат или да пробаат да променат. Иновациските системи им дозволуваат на луѓето да пробаат и притоа да не пропаднат. Не постои гаранција за успех, но нема ни алтернативи доколку не се обидете.

  1. Кои се вашите професионални планови во иднина?

Развиваме методи кои ќе ја зголемат привлечноста на Шведска за вложување. Ќе ги поврземе иновациските системи со различни организации, инкубатори и научните паркови. И секако, ќе продолжиме со развивање на вредностите и условите кои може да привлечат уште центри за податоци во Нордиските земји.

  1. Што можеме да очекуваме од Вашето предавање на Викенд Медиа Фестивал?

Енергија, некои нови перспективи, хумор и интеракција.

Претходна статијаШто може да се очекува од Galaxy S9?
Следна статијаMatternet го претстави првиот автономен летачки курир во Швајцарија