Повеќе пати овие неколку години можеме да прочитаме за тоа дека Huawei го има второто место во светот според продажбата на мобилни телефони. Беше посебна вест кога оваа компанија успеа да го преземе второто место од Apple, па со тек на време почна да се најавува трка и за првото место кое веќе долго време удобно го држи Samsung.

Според статистиките од неколку компании (Strategy Analytics, Counterpoint Research, меѓу другите), Huawei и минатата година успева да остане на второто место и да го надмине Apple во продажбата на телефони. Според информациите, Huawei тоа успева да го направи цела година, односно не само за одредена квартали.

Ова иако од една страна не изненадува како информација, сепак е важно поради блокадата од страна на американските власти, поради која Huawei не може да ги користи сервисите и апликациите од Google.

Ова можеби не е проблем за Кина каде тие и не се користат, има кинески алтернативи за скоро сите сервиси, но сепак за остатокот од светот е прилично голем фактор. Според информациите најголем дел од продажбите, односно над половина, доаѓаат од кинескиот пазар, што наведува на друг заклучок.

Да не беше блокадата на САД, Huawei можеби ќе ја постигнеа нивната цел за минатата година, да го стигнат првото место на пазарот или ако не тоа, сепак и на Samsung им оди одлично, барем да прилично се доближат до истото.

Ќе биде интересно да се следи оваа година и да се види како европските и другите пазари ќе ги прифатат телефоните од Huawei без апликациите од Google. Huawei веќе развива сопствен еко систем, но дали ќе биде тоа доволно и дали доколку можат, повторно би ги користеле апликациите од Google.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаКратко неофицијално видео целосно го прикажува Galaxy Z Flip
Следна статијаМожен застој во производството на LCD панели и нивно поскапување поради Коронавирусот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.