Unpacked настанот од Samsung на кој ќе бидат претставени Galaxy S20 уредите или ако испадне дека сепак ќе се викаат S11, ќе се одржи идниот вторник на 11-ти февруари. На овој настан се очекуваат три S20-ки, односно S20, S20+ и S20 Ultra.

Покрај овие три телефони, се очекува дека Samsung, исто како лани, ќе претстави уште еден уред, уред со екран кој се превиткува. Иако често го нарекуваат Galaxy Fold 2, сепак овој уред ќе има различен концепт, па поради тоа се очекува и посебно име, а тоа име неофицијално е Galaxy Z Flip.

За разлика од ланскиот и прв уред со екран кој се превиткува, Galaxy Z Flip треба да се превиткува на хоризонталната линија, односно од горе надолу, со што се добива телефон како старите познати „флип“ телефони.

Тоа што исто така треба да е ново, е користењето на ново и еластично стакло, наместо пластика, со што се очекува подобра издржливост на уредот кој сепак треба да издржи голем број на отворања и затворања, како и можност прашина и други поголеми честички да влезат помеѓу.

Благодарение на @BenGeskin, сега можеме да го видиме Galaxy Z Flip преку краткото видео кое тој го објави на Twitter. Од каде точно е ова видео не е познато, а иако е кратко, доволно ни открива за тоа што може да се очекува од овој уред, барем од аспект на дизајнот и функционалноста.

Од видеото се гледа дека уредот е доста висок, односно најдобро ќе се користи со две раце, но затоа е тука One UI 2 кој го олеснува сето тоа софтверски.

При затворање на уредот се гледа и малиот екран преку кој може да се види часовникот, датата, батеријата, а најверојатно и достапноста на известувања, ако веќе истите не се прикажуваат.

Од останатите карактеристики кои се очекуваат од Galaxy Z Flip тука се Snapdragon 855+, 8GB RAM меморија, 256GB простор за податоци, како и две камери на задната страна со по 12 мегапиксели и една на предната со 10. Екранот треба да биде со големина од 6,7 инчи, а тука и најмногу ќе дојде до израз можност да биде затворен и дупло намален за полесно пренесување.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаAvast ќе престане да ги собира информациите за корисниците и ќе ја затвори Jumpshot компанијата
Следна статијаHuawei го задржува второто место во светот и покрај проблемите со американските власти
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.