Фото од Joshua Aragon на Unsplash

Со оглед на тоа што на сите ни е јасно колкав процент од производството на многу производи е во Кина, не изненадуваат најавите дека епидемијата со коронавирусот која започна токму во оваа земја, може да предизвика проблеми во производството кои би се почувствувале на светско ниво.

Минатата недела излегоа тврдењата, кои сепак не се потврдени, дека Apple ќе има проблеми со производството на доволна бројка на iPhone 11 телефони, а и дека ќе дојде до одложување на претставувањето на неофицијално најавениот поевтин iPhone модел кој наводно треба да биде претставен во март.

Според одредени информации, проблеми со производството ќе се покажат и кај LCD панелите, поради што ќе трпат одредени производители и продавачи на монитори за компјутерите, како и производители на телевизори.

Доста фабрики за LCD панели има токму во градот каде започна целата епидемија со коронавирусот, па овие фабрики не може да функционираат. Кога ќе се земе во предвид големата зависност на светот од производствените капацитети во Кина, јасно станува дека ова ќе има влијание во целиот свет.

Информациите кои ги објавуваат од PCWorld, говорат дека се очекува и зголемување на цената на овие производи поради падот на производство. Дали ова и колку ќе се случи останува да видиме, но секако покажува како во денешно време целиот свет е поврзан и поради тоа подложен на глобални проблеми поради еден регион.

ИЗВОРPCWorld
Претходна статијаHuawei го задржува второто место во светот и покрај проблемите со американските власти
Следна статијаЕвропскиот Парламент со големо мнозинство изгласа резолуција за унифицирање на полначите за мобилните уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.