Фото: Shutterstock.com

Meta, која во 2020 уште се викаше Facebook, во таа година го купи познатиот GIPHY сервис за GIF слики, но веќе наредната година британското регулаторно тело за конкуренција CMA – Competition and Markets Authority одлучи дека компанијата мора да биде продадена.

Како глави причини за оваа одлука на CMA може да се сумираат во ограничувањето останатите друштвени мрежи да имаат нормален пристап до GIPHY, како и барањето останатите мрежи да дадат повеќе информации за своите корисници на Meta. Дополнително, се истакнува и тоа дека GIPHY може да претставува сериозна конкуренција во бизнисот за реклами, па со купувањето на оваа компанијата се намалува и конкуренцијата на Meta во овој дел.

Во јули оваа година суд во Британија одлучи да им уважи жалба на Meta и да им наложи на CMA повторно да ја разгледаат својата одлука, но тоа беше повеќе од технички дел, а судот се сложуваше со забелешките на регулаторното тело.

Оваа недела CMA ја донесе својата повторна и конечна одлука и таа повторно бара продажба на GIPHY од страна на Meta. Овој пат одлука веќе нема простор за жалба, па Meta ќе мора да ја изврши донесената одлука.

Од Meta истакнуваат дека не се задоволни од одлуката, но дека ќе ја почитуваат, а секако за тоа веќе и немаат избор.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаЛице в лице“ и Кометал ЃП со заеднички шут ги слават своите јубилеи
Следна статијаПрекинат тестот на YouTube кој од одредени корисници бараше Premium претплата за гледање во 4К квалитет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.