GIPHY

Познатата платформа за „GIF“ анимирани слики станува дел од Facebook, поточно дел од тимот на Instagram. Од компанијата денес објавија дека Facebook ја купува оваа компанија, иако не е истакната сумата, а гласините ја ставаат некаде околу 400 милиони долари.

Според најавите, иако тимот од GIPHY сега станува дел од Instagram во Facebook, работите ќе продолжат да функционираат исто, односно платформата ќе продолжи да функционира, а достапни ќе останат и API и SDК алатките.

„GIPHY беше креирана во 2013 со една цел на ум: да се направи комуникацијата повеќе забавна. Седум години и неколку трилиони GIF слики подоцна, обемот на нашата мисија можеби е поголем, но целта останува иста. Ние секогаш сме сакале да го направиме начинот на којшто се изразувате себеси позабавен, повеќе возбудлив… и можеби само малку почуден.“ – истакнаа од GIPHY.

За GIPHY сигурно мали се шансите да немате слушнато, а сигурно и многу често ги имате користено. Преку API алатката, која ќе остане достапна за програмерите, GIPHY е дел од повеќе апликации како Messenger, Viber, WhatsApp, Twitter и други, а се користи за пребарување и објавување на GIF анимирани слики, најчесто кога се сака да се каже нешто на поинтересен начин.

ИЗВОРGIPHY
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаMessenger Rooms достапна за сите корисници и за тие без Facebook
Следна статијаВидео – „Вистината за 5G“ објаснета од познатиот Маркез Браунли (MKBHD)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.