Видеа на оваа тема веќе има многу, а посебно поради тоа што теоретичарите на завера се посебно активирани против 5G технологијата овој период поврзувајќи ја со COVID-19 заболувањето.
Докази за ова нема никакви, но како и секогаш теориите на завера не им се потребни многу, па тука се само верувањата пренесени од луѓе кои тврдат дека навистина знаат се и баш тие успеал да ја дознаат вистина која се крие од останатите.
Иако има повеќе видеа, Маркез Браунли е еден од најпознатите „тек видео блогери“ во светот, па можеби тој ќе успее да допре подобро до луѓето и да им објасни за што се работи, а за што не се работи.
Видеото е на почетокот од оваа статија.