Користењето на видео повици изминатите месеци стана еден од главните начини на комуникација со пријателите и семејството, а ист е случајот и кај деловната комуникација. Една од најпознатите апликации Zoom овозможува голем број на корисници да разговараат во исто време, а вклучувањето може едноставно да се направи преку добивање на линк до групата.

Skype исто така одамна веќе нуди можност, само поради падот на популарноста на апликацијата ретко кој знае, за поврзување преку линк до групата, а корисниците дури не мора да имаат Skype сметка.

Очекувано беше дека и Facebook ќе се приклучи на овој тренд, иако нивниот Messenger веќе овозможува групни видео повици. При крајот на минатиот месец тие ја најавија новата функција Messenger Rooms.

Се работи за можност за правење на групни видео повици преку креирање на посебна „соба“ за истото и споделување на линкот од собата до сите кои би сакале да се поврзат на разговорот. Споделување може да се направи и на Facebook, а бројот на учесници е ограничен на 50.

Предноста на Messenger Rooms во споредба со групни повици на Messenger е што во разговорите може да се поврзе секој кој го има линкот, односно не е потребно да има Facebook сметка, ниту да ја инсталира Messenger апликацијата.

Тој што ја има креирано собата може да контролира кој може да се приклучи на истата, може да ги исклучува луѓето, а може и да ја заклучи собата за да не може да се приклучат дополнителни луѓе.

Од Facebook најавуваат дека за во иднина планираат нови можности на Messenger Rooms, а една од тие ќе биде можност за креирање или приклучување на соби преку Instagram и WhatsApp.

Messenger Rooms можете да почнете да ја користите преку Messenger апликацијата, на мобилен и на десктоп, преку делот „People“ на мобилен, односно новото копче на десктоп апликацијата.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаNvidia ја претстави новата Ampere архитектура која ќе се користи за ВИ, сервери, но и кај RTX графичките картички
Следна статијаFacebook ја купи познатата платформа GIPHY
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.