Фото: Shutterstock.com

Meta, тогаш Facebook, ја купи познатата компанија GIPHY во 2020 година, која стои зад истоимениот сервис за „гиф“ слики. Година дена подоцна, британското регулаторно тело CMA – Competition and Markets Authority одлучи дека Meta мора да ја продаде компанијата, а како причина беше истакнато намалувањето на конкуренцијата кај друштвените мрежи, кратко кажано.

Тогашната одлука беше донесена преку судска одлука која одлучи во корист на CMA, за пет од шест точки, нешто што сега станува клучно во враќањето на случајот на почеток.

Поточно, единствената точка која не беше поддржана од судот беше точката која содржи информација за купување на компанија Gfycat од страна на Snapchat. Се смета дека на Meta им била задржана важна информација која би влијаела на начинот на одбраната, односно поднесувањето на жалбата за одлуката на CMA.

Затоа сега британскиот Competition Appeal Tribunal им наложи на CMA да повторно ја разгледаат својата одлука, нешто што од регулаторното тело ќе мора да го направи, а тоа тие веќе го потврдија.

Дали оваа втора шанса за Meta може да донесе некаква промена, не е познато, но од компанијата ќе можат повторно, сега со нови информации, да ја спремат својата одбрана.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаДоделени наградите на СЕММ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за најдобри новинарски стории – „Инклузивно известување за различностите и предизвиците во образованието“ 
Следна статијаNetflix го прошири тестот за наплата од корисниците кои се надвор од домаќинството во дополнителни земји
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.