Shutterstock.com

По пријавувањето на пад на бројот на корисници, за првпат после 10 години, Netflix најави дека една од мерките за задржување на приходите ќе биде конечно спроведување на правилото според кое споделувањето на сметката може да се прави само со луѓе од истото домаќинство.

Ова е нешто што до компанија веќе почнаа да го тестираат во неколку земји, па падот на бројот на корисници само ни кажува дека мали се шансите новината да остане само во тест фаза.

Замислата на Netflix е да не им забрани на корисниците да ја споделуваат својата сметка, но да започне да им наплаќа на тие кои не се дел од истото домаќинство. Овие корисници ќе треба да платат 3 долари месечно за користење на сервисот, што сепак е поевтино од тоа да направат целосно нова сметка, нешто што го имаат како можност со префрлување на историјата на гледање целосно на таа нова сметка.

Сега тестот е проширен во дополнителни пет земји, односно во Аргентина, Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас и Доминиканската Република.

Ова покажува дека од компанијата се сериозни во планот да наплатат од корисниците кои „се провлекуваат“ и го гледаат сервисот бесплатно или плаќаат помала сума, но од компанијата не добиваат ништо од тоа.

Според информациите, околу 100 милиони корисници го гледаат сервисот и не плаќаат за него, односно ја користат истата лозинка со корисници кои не се дел од истото домаќинство. Ова не е мала бројка во време кога се очекува дополнителен пад на бројот на корисници, па со претворање на овие во корисници кои плаќаат, може да ја извади компанијата пред акционерите.

Засега нема информации кога може да се очекува официјално пуштање на новиот систем за сите корисници, но не би требало да биде подоцна од идната година.

Друга мерка која треба да влијае на бројот на корисници е воведувањето на претплата со пониска цена, но со реклами, а како партнер за ова Netflix го избра Microsoft. После ова, почнаа да излегуваат информации дека Microsoft може да го купи Netflix, но ќе видиме дали ќе продолжат да излегуваат вакви најави.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMeta добива уште една шанса да ја задржи GIPHY по барањето од британското регулаторно тело CMA компанијата да биде продадена
Следна статијаКако до функционален регионален систем за третман на отпад?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments