Минатиот месец директорот на Netflix официјално потврди дека од компанијата планираат да воведат нешто што порано повеќе пати имаат кажано дека нема, а тоа е посебна претплата со реклами. Како што би се очекувало, претплатата со реклами би имала пониска цена од моментално најниската, па ќе биде погодна за корисниците кои сметаат дека сервисот е скап за нив, а би сакале да го користат.

При најавата беше истакнато дека од компанијата се во фаза на барање на соработник, односно компанија која би го работела делот со рекламите. Логично, нема логика да Netflix направи целосно нова и нивна рекламна мрежа, па тоа ќе го остават на некоја компанијата која веќе работи на тој пазар.

Партнерот на Netflix за прикажувањето на реклами официјално е Microsoft. Иако Microsoft има сопствена рекламна мрежа, сепак можеби до некаде беше изненадување што не беше избрана некоја компанија како Google, на пример, чиј примарен бизнис се рекламите.

„Microsoft има докажана способност да ги поддржи сите наши потреби за рекламирање, работејќи заедно да ја изградиме нашата нова понуда поддржана од реклами. Уште поважно, Microsoft понуди флексибилност за иновирање со тек на времето и на технологијата и на продажната страна, како и силна заштита на приватноста за нашите членови.“ – истакнаа од Netflix.

„Уште на почетокот, потрошувачите ќе имаат повеќе опции за пристап до наградуваната содржина на Netflix. Маркетарите кои се насочуваат кон Microsoft за нивните потреби за рекламирање ќе имаат пристап до публиката на Netflix и до премиум поврзаниот систем на телевизорите. Сите реклами прикажани на Netflix ќе бидат исклучиво достапни преку платформата на Microsoft. Денешното соопштение, исто така, го поддржува пристапот на Microsoft за приватност, кој е изграден за заштитата на информациите на клиентите.“ – истакнаа од Microsoft.

Основниот пакет на Netflix во нашата земја моментално чини 7,99 евра месечно, а со овој пакет може да гледа еден корисник и не може да „стримува“ во HD. Претплатата со реклами ќе има пониска цена од основната, а се очекува дека ќе има слични карактеристики за квалитетот на видеото и бројот на корисници.  

Претходна статијаРецензија vivo Y76 5G – најновиот играч на македонскиот пазар има што да понуди
Следна статијаOne UI Watch4.5 носи подобрено искуство во користењето на најновите модели на Galaxy Watch часовниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments