Фото: Shutterstock.com

Неофицијалните најави дека Netflix планира да претстави пониска претплата која ќе има реклами, може да се каже дека се официјално потврдени, па останува само да видиме кога од компанијата би ја пуштиле претплатата.

Според The New York Times, новата претплата ќе биде пуштена до крајот на оваа година, а од медиумот имаат дојдено до внатрешна комуникација преку која се најавува вакво нешто.

Потврдата дека од компанијата работат на ваква претплата доаѓа од директорот на компанијата Тед Сарандос за време на Cannes Lions фестивалот минатата недела. Тој истакнува дека новата претплата би била наменета за корисниците кои сметаат дека Netflix како сервис е скап, а не им смета да гледаат реклами доколку можат да платат помалку.

„Оставивме голем сегмент од корисниците, кои се луѓе кои викаат: Хеј, Netflix е многу скап за мене и не ми пречат реклами. Додаваме претплата со реклами, не додаваме реклами на Netflix како што го знаете денеска. Додаваме претплата со реклами за тие кои викаат: Хеј, сакам пониска цена и ќе гледам реклами.“ – истакна главниот директор на компанијата, Тед Сарандос.

Како што истакнува и директорот на Netflix, од компанијата не планираат да направат промени кај постојните пакети, туку воведуваат целосно нов кој ќе има пониска цена и на кој ќе се прикажуваат реклами.

Во која форма би биле рекламите не е точно познато, односно дали ќе се прикажуваат само пред и по гледањето на некоја содржина или се планира нивно прикажување и за време на гледањето. Како и да е, голем дел од корисниците сигурно не би им пречело ова ако цената е доволно ниска.

Нема информации исто така дали оваа нова претплата би им била достапна на сите корисници на сервисот или прво само во САД.

Од Netflix првпат почнаа да размислуваат дека може да воведат претплата со реклами по падот на бројот на корисници оваа година, нешто што се нема случено повеќе од 10 години. Како главна причина, која официјално не е истакната, за падот на корисниците се смета содржината која изминатите години премногу е под влијание на „woke“ луѓето, кратко кажано.

Во компанијата ова сепак го гледаат и веќе направија потег кој дава надеж дека содржината веќе нема да биде под големо влијание на луѓето кои сметаат дека ја имаат единствената вистина во светот.

Иако содржината е главната работа која треба да ги привлече корисниците, сепак со доволно големиот број на конкуренти, цената може да се покаже како доста важна, а посебно што дел од конкурентите во САД веќе нудат пакети со реклами и пониска цена.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2The Hollywood Reporter
Претходна статијаДолгоочекуваниот уред за виртуелна реалност од Apple треба да биде најавен на почетокот од идната година
Следна статијаBrave Search излезе од бета фазата на годишнината од претставувањето со најава на нови функции за пребарување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.