Фото: Shutterstock.com

Netflix во првата четвртина од оваа година за првпат во 10 години пријави пад на бројот на корисниците. Иако од компанијата ова во главно го препишаа на конкуренцијата и големиот број на корисници кои ја делат својата сметка со пријателите, сепак не можеше да не се стави поголемо влијание на содржината која тие ја објавуваат.

Кратко кажано, не е мал бројот на тие кои веруваат дека филмовите и сериите во денешно време не се како што треба, односно им фали квалитетот на приказната, глумата и слично. Покрај други можни фактори за ова, еден од главните е влијанието на „woke“ културата која нема каде не ја промовира присилно својата „филозофија“, а се што е спротивно на нивните гледишта, мора да биде откажано и осудено.

Со ваков став е и Елон Маск кој директно го обвини „woke“ движењето за падот на популарноста на Netflix и додаде дека сервисот е станат невозможен за гледање.

Од компанијата не покажаа никакви знаци дека го гледаат овој проблем, па најавија и дека до крајот на годината ќе пуштат пониска претплата со реклами, а се очекува и спроведување на планот за наплата на корисниците кои немаат сопствена сметка.

Сепак, од Netflix изгледа дека нема да останат игнорантни кон овој проблем и можно е точно да разберат зошто губат корисници.

Во насоките за вработените и тие кои сакаат да станат дел од компанијата, додаден е нов дел наречен „Уметничко Изразување“ ( Artistic Expression). Во овој дел, покрај тоа што се објаснува дека целта на компанијата е да го му донесе забава на светот за гледачите кои имаат различни вкусови, тие истакнуваат и нешто што дава надеж дека може ќе го реши проблемот со влијанието на „woke“ културата, а посебна таа во самата компанија.

Во овој дел од насоките гласи: „Како вработени ние го подржуваме принципот дека Netflix нуди разновидност кај приказните, дури и ако некои од насловите ги сметаме спротивни на нашите лични вредности. Зависно од вашата улога, може да треба да работите на наслови кои ги гледате како штетни. Ако ова е нешто што за вас е тешко да го поддржите, Netflix можеби не е најдоброто место за вас.“

Ова директно им кажува на вработените дека не можат да се бунат и протестираат секогаш кога нешто за нив лично е нешто со кое тие не се согласуваат. Тие не можат нивното гледиште да го сметаат како единствено кое е точно.

Ќе видиме дали ова ќе донесе до подобрување на содржините на овој сервис, а посебно што кај конкурентите многу поретко се гледаат ваквите проблеми.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2WSJ
Претходна статијаПриказната на Европското првенство во танци 2022 започна — Флешмоб од над 500 танчери во Ист Гејт Мол
Следна статијаApple тестира iPhone со USB-C, но официјалното префрлување уште не е сигурно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.