Фото: Shutterstock.com

Lightning конекторот од Apple можеби имаше логика и предност кога беше претставен, но по претставувањето на USB-C, единствено што останува е желбата на компанијата да им поголема контрола над додатоците кои се голем дел од нивниот екосистем.

Веќе одреден период се очекува дека тие конечно ќе се префрлат на USB-C кај iPhone, посебно по правењето на таквата промена кај iPad и Mac, но тоа уште се нема случено и според информациите ќе се почека уште малку повеќе.

Според информациите од Минг-Чи Куо од минатата недела, а сега и од Марк Гурман, Apple веќе тестира iPhone со USB-C конектор, но најрано кога може да се очекува тој да се најде на пазарот е од идната година, а оваа година iPhone 14 ќе дојде со Lightning.

Како главна причина зошто Apple тестира iPhone со USB-C е најавата за донесување на закон во ЕУ после што од компанијата ќе мора да го направат истото. Не е познато дали доколку законот биде донесен од компанијата би направиле посебен европски модел, а исто така дали доколку законот не помине, Apple би се откажале целосно од префрлувањето.

Во споредба со Lightning, USB-C овозможува поголеми брзини на полнење и пренос на податоци. Покрај оваа придобивка, корисниците би добиле и можност да со еден кабел и полнач можат да ги полнат сите нивни Apple уреди, наместо да мора да купуваат посебни.

Гурман како голема причина за одбивањето на Apple да се префрли на USB-C ги истакнува додатоците кои ги има во голем број за iPhone кои за да го користат Lightning компаниите мораат да платат одредена сум на Apple. Тоа, покрај поголема заработка, им дава на Apple и одредена контрола врз квалитетот на додатоците, односно можност да не дозволат користење на конекторот и добивање на сертификат од компанијата за производот.

Apple не го крие незадоволството од можниот закон во ЕУ и истакнува дека со тоа ќе се намали можноста на компанијата да претставува иновативни производи, ограничувајќи ги да мора да користат конкретен стандард.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Bloomberg
Претходна статијаNetflix изгледа сепак ја разбра пораката од корисниците
Следна статијаSamsung Electronics на саемот ISE 2022 ја претстави новата ера на Micro LED технологијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.