Интернет пребарувачот од познатиот прелистувач Brave, може да се каже дека официјално е алтернатива и конкуренција на останатите со тргањето на „бета“ ознаката на годишнината од претставувањето.

Brave Search сега е и стандардниот пребарувач на Brave прелистувачот, што значи дека ќе биде автоматски вклучен за новите корисници, додека постојните можат едноставно да го изберат во Settings.

Главните карактеристики по кои се истакнува Brave Search се приватноста, нешто по кое е познат и Brave прелистувачот, можеби и најпознат. Исто така, за разлика од конкурентите кои нудат приватно пребарување, Brave Search е целосно независен, односно користи сопствено индексирање на веб страните, како и сопствен алгоритам.

На годишнината од пуштањето на Brave Search од компанијата објавија неколку статистики, па така во изминатите година дена направени се 2,5 милијарди пребарувања, со врв од 14,1 милион во еден ден.

Од компанијата се пофалија дека на Google им требало повеќе од една година за да ја достигнат оваа бројка, но оваа споредба можеби не е фер кога ќе се земе во предвид кога почна со работа Google и колку интернет корисници имаше светот тогаш.

Од друга страна, одлична е споредба со конкурентот за приватно пребарување DuckDuckGo, на кои според Brave има биле потребни дури четири години за достигнување на овие бројки.

Brave Search за годишнината доби и нова функција за пребарување која може да се каже дека е уникатна и ќе им се погоди на корисниците кои сакаат подлабоко да направат пребарување на некоја тема.

Функцијата е наречена Goggles и овозможува вклучување на посебни филтри и рангирање при пребарувањето, наместо користење само на алгоритамот на Brave. Со тоа може да се дојде до резултати кои не зависат само од популарноста на некоја страна.

Brave Search можете да го отворите на https://search.brave.com и самите да проверите дали за вас претставува подобра алтернатива.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Brave
Претходна статијаNetflix потврди дека планира да пушти поевтина претплата со реклами
Следна статијаМарк Гурман најавува „always on“ екран кај iPhone 14 Pro моделите со можност за прикажување на новите „виџети“ од iOS 16
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.