Фото: Shutterstock.com

Неколку пати досега се најавува влез на Apple на пазарот на уреди за виртуелна, проширена и „измешана“ реалност, но тоа никако да се случи. Според информациите ова требаше да се случи и оваа година, па дури некои се надеваа дека првиот ваков уред од компанијата ќе биде претставен на WWDC 2022, но тоа не се случи.

Сега, претставени како доста сигурни информации, се најавува дека Apple ќе го претстави својот прв уред за виртуелна реалност во јануари идната година. Официјалната достапност би била подоцна, односно не уште на почетокот на годината.

Оваа информација ја пушта познатиот Минг-Чи Куо кој за уредот истакнува дека е најсложениот кој досега го имаат дизајнирано од Apple, со што се зголемуваат очекувањата од компанијата која е позната по покасно претставување на одредени работи, но кога тоа ќе го направи, тие се доста подобри од конкуренцијата.

Според Куо, овој уред од Apple ќе направи огромна разлика на пазарот, односно како што тоа го кажуваат на англиски, уредот ќе биде „game changer“.

Ваквите уреди кои веќе ги има во главно се користат за играње на игри, може да се користат за гледање на видео содржина, а исто така имаат голема примена кај одредени компании кои работат со развој на производи.

Влезот на Apple на пазарот би требало да придонесе до повеќе корисници да почнат да користат вакви уреди, но да оставиме прво да видиме дали идната година ќе биде таа кога ова ќе се случи.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 29to5Mac
Претходна статијаТелеком ја воведува стриминг платформата GLEY на MaxTV
Следна статијаNetflix потврди дека планира да пушти поевтина претплата со реклами
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.