Фото: Shutterstock.com

Британската Управа за конкурентност и пазари, односно CMA – Competition and Markets Authority, врз основа на наодите од август оваа година, донесе одлука со која се бара Meta да ја продаде компанија GIPHY која ја купи во мај минатата година.

Тогаш Facebook, сега Meta, ја купи оваа позната компанија чии „gif“ слики се едни од најмногу популарните на друштвените мрежи, како и кај апликациите за разговори. Корисниците преку GIPHY можат поинтересно да се изразат кога комуницираат, испраќајќи анимирана слика од огромниот избор на сервисот.

Според CMA, сега кога GIPHY е дел од Meta, може да дојде до намалување на конкуренцијата помеѓу друштвените мрежи, а исто така и намалување на конкуренцијата која ја има Meta во бизнисот со реклами.

CMA го објаснува проблемот кој го гледа во купувањето на GIPHY од страна на Meta во два дела. Прво е можноста да Meta им го ограничи пристапот на другите платформи до сликите на GIPHY и со тоа да привлече повеќе корисници на нивните мрежи, односно на Facebook, Instagram и WhatsApp.

Вториот проблем го гледа во можноста Meta да бара од другите платформи добивање повеќе информации за корисниците, за можноста да го користат GIPHY, односно Meta може да бара поголем пристап до информациите на корисниците на TikTok, на пример или Snapchat, за да овие платформи имаат пристап до сликите на GIPHY.

Директорот за комуникација на политиките на Meta за ЕУ регионот, Робин Кох, во одговор на прашања од The Verge, истакнува дека во компанијата ги разгледуваат сите можности, па и можноста за поднесување на жалба на одлуката.

Според Кох, двете компании добиваат со спојувањето и со тоа добиваат и корисниците. Тој тврди дека GIPHY немале голем удел во пазарот на реклами, па поради тоа со купувањето од страна на Meta не е намалена конкуренцијата.

Дел од информациите кажуваат и дека GIPHY имале финансиски проблеми пред купувањето од страна на Meta, со што можноста за конкуренција се доведува во прашање.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаFIFA ја објаснува новата технологија за откривање на „офсајд“ пред почетокот на Арапскиот Куп
Следна статијаНа локациите на „Макпетрол“ од 1 декември пластичните ќеси нема да бидат достапни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.