Фудбалските судии веќе одреден период имаат помош од достапноста на технологијата во денешно време, а со тоа е зголемена довербата во одлуките и намалени се ситуациите каде не е сигурно дали нешто навистина така се има случено.

Една од најголемите новини која ја гледаме кај фудбалските натпревари е враќањето на снимката од страна на таканаречените видео асистенти судии, кои кога не е јасна одлуката на главниот судија, ја даваат конечната препорака.

FIFA продолжува со развој на оваа технологија, па ќе почне да ја тестира за време на Арапскиот Куп кој треба да почне да се игра во периодот што следи. Планот е да технологијата се користи и идната година на светското првенство.

Новата технологија, односно новиот систем, ќе биде составен од повеќе камери кои ќе бидат поставени на кровот од секој стадион. Ново во системот ќе биде и прецизното следење на нозете на фудбалерите, а видеото веднаш ќе биде испраќањо до оперативната соба од каде ќе можат да го пуштат на помошниот судија.

Ова треба да придонесе до многу побрзи одлуки од страна на судијата дали одредена ситуација е офсајд или не, а тоа ќе ги скрати прекините во натпреварите, како и сомневањето во одлуката на главниот судија.

Новиот систем за „Living Football“, емисија која може да се гледа и на YouTube каналот од FIFA, го објаснуваат директорот за технологии и иновации во FIFA, Јоханес Холцмулер и познатиот судија Пиерлуиџи Колина. Видеото можете да го погледнете на овој линк.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2FIFA
Претходна статијаASKfm лансираше сопствена технологија за вештачка интелигенција и веднаш го зголеми ангажманот на корисниците за 20% до 50%
Следна статијаБританско регулаторно тело бара Meta да го продаде GIPHY
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.