Фото: Shutterstock.com

Европската Комисија, тотално очекувано, објави дека отвора истрага против неколку од компаниите „чувари“, означи така според новиот DMA закон, за неусогласеност со истиот.

Компаниите кои ќе бидат предмет на оваа истрага се Alphabet, Apple и Meta, а можната казна која се предвидува со законот, доколку се открие непридржување до истиот, може да достигне до 10% од годишниот промет, односно 20% доколку тоа се случи повторно.

Од Комисијата се сомневаат, како што истакнуваат, дека мерките кои се поставени од страна на компаниите „чувари“ не ја постигнуваат целта на законот, односно на корисниците и програмерите не им се овозможува изборот кој би требало да се овозможи.

За Alphabet и Apple се тврди дека не овозможуваат насочување на корисниците кон други продавници за апликации, како што тоа се бара од законот, а компаниите поставуваат одредени ограничувања.

Потоа, само Alphabet се обвинува дека резултатите од Google Search се користат за промоција на сопствените производи, односно корисниците се насочуваат кон Google Shopping, Google Flights, Google Hotels и слично, со што не им се дава шанса на конкурентните бизниси.

За Apple се истакнуваат и обврските да се овозможи лесен начин да се избришат одредени апликации од компанијата, како и лесно да се променат одредени прилагодувања, а посебно се истакнува можноста за избор на друг интернет прелистувач.

Очекувано, Apple ќе бидат истражувани за новите тарифи кои ги поставија за апликациите кои не се дел од App Store, со новата можност да се инсталираат апликации надвор од оваа продавница.

Meta ќе бидат проверени за новата можност за плаќање за користење на мрежите без реклами, односно без користење на податоците во рекламни цели. Од Комисијата истакнуваат дека изборот кој им е даден на корисниците не им овозможува вистинска алтернатива.

Истрагата против овие компании се планира да заврши во рок од една година, а во меѓувреме сигурно ќе бидат достапни дополнителни информации.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаОпштина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“
Следна статијаApple WWDC 2024 конференцијата започнува на 10 јуни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.