WindowSwap е уште една интересна идеја инспирирана од настанатата ситуација со новиот коронавирус, односно со COVID-19 болеста. Препораката за седење дома можеби не е како пред некој месец, но сепак уште стои тоа дека е подобро да почесто се седи дома, отколку да се оди некаде каде се ризикува заразување со вирусот.

Во основа, корисниците можат да ја постават својата камера до прозорот, терасата или слично, каде може да го снимаат погледот што го имаат спрема надвор од своето место на живеење. Снимката треба да е во HD и да трае до 10 минути, по што ќе биде објавена на WindowSwap со името на корисникот, како и градот и земјата каде живее.

Добро е што на сопствениците на WindowSwap им текнало да се праќаат снимки, а не да бидат во живо, со цел заштита од секакви глупости, шеги и што се не. Вака може да бидеме сигурни дека видеата се проверени и објавени само тие кои ги следат едноставни правила, да се снима погледот од домот.

Снимки има многу и од сите страни на светот, а доста од нив се навистина убави, интересни, па дури човек да посака да живее на такво место. Можете да ги погледнете со отворање на овој линк, а потоа со едноставно притискање на копчето „Open a new window somewhere in the world“.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаСтав на МАСИТ за проблемите со софтверот за изборниот процес
Следна статијаЛондон, сега во Скопје – Почувствувај го духот на лондонското образование
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.