Screenshot 2015-04-07 14.44.35

Споделувањето на некој tweet, односно правењето retweet, оставаше многу малку простор доколку сакате да вклучите и некој ваш коментар. Од достапните 140 карактери беа вклучени и тие од твитот кој што го споделувате, па често остануваат многу малку или воопшто за коментар од ваша страна.

Од оваа недела Twitter ја подобрува retweet функција со овозможување корисниците да остават коментар на нив, кој што ќе биде посебен и нема да се брои како дел од главниот твит. Тоа значи дека корисниците ќе ги имаат сите 140 карактери достапни за коментирање при споделување на твит од друг корисник.

Функцијата за почеток е достапна преку веб, како и на апликацијата за iOS, а се најавува и за Android во блиска иднина.

Новата функција е дел од процесот на споделување, односно ќе ја забележите кога ќе притиснете на копчето retweet, каде што сега е додадено посебно поле за ваш коментар. Се разбира можноста да го споделите твитот без додавање на коментар останува.

Сепак доколку некој твит е прикачен на одредена страна, коментарот не се прикачува со главниот твит. Исто така, ставено е ограничување на еден коментар по твит од корисник.

Извор: Twitter, Android Central, TechCrunch

 

Претходна статијаШто ќе ви се случи ако излезете без скафандер во вселената?
Следна статијаИнтервју на сатиричарот Џон Оливер со Едвард Сноуден – Обид за поголема свесност за владините програми за следење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.