Џон Оливер е сатиричар, комедијант, актер и уште неколку работи, моментално најмногу познат по својата емисија Last Week Tonight која што се емитува на HBO. Емисијата се занимава со сериозни теми во општеството и политиката, но преку хумор и сатира по кои што е познат Џон.
Тој во својата последна емисија говори за следењето на комуникациите на луѓето од страна на НСА. Во Јуни оваа година истекуваат дел од членовите од законското решение наречено The Patriot Act, со кое што американските власти си овозможија многу поголеми слободи во задржувањето на затвореници, следење на комуникациите и слично после 9/11 случувањата.
Како соговорник во оваа емисија тој го избира можеби моментално најпознатиот човек на таа тема, Едвард Сноуден. Интервјуто е направено во Москва, каде што Сноуден моментално живее.
Интервјуто е направено на начин да покаже дека информациите кои што беа објавувани од медиумите за следењето од страна на НСА се доволно технички да обичните луѓе не можат да ги разберат, па поради тоа и се слабо информирани за целиот случат. Тој му покажува на Сноуден анкета која што ја имаат направено на улиците на Њујорк која што покажува дека повеќето луѓе не знаат кој е тој, а тие што знаат, не знаат точно што тој има направено и што работи.
Целата емисија можете да ја погледнете во продолжение.